Официјално – Барса именуваше нов тренер!


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Како што беше најавено, Ернесто Валверде е нов тренер на Барселона.

Претседателот на каталонскиот клуб Хосеп Марија Бартомеу на вечервашната конференција за медиумите потврди дека досегашниот тренер на Билбабо, го презеде местото на Луис Енрике.

„Одлука на клубот е Ернесто Валверде да биде нов тренер на екипата. Тој во тајност веќе почна да работи на нашите планови и подготовки за новата работа. Поседува квалитети да биде успешен тренер на Барселона“, рече Бартомеу на конференцијата.

Валверде ќе потпише договор на две години со можност на продолжување на соработката на уште една сезона.

Валверде веќе во два наврати беше блиску до  каталонскиот клуб, но сега местото пред него го добија Херардо Мартино (2013) и Луис Енрике, година дена подоцна.

Валверде во кариерата ги водеше Атлетик Билбао, а покрај Баскијците уште и Валенсија, Еспањол и Олимпијакос.

Пред него е голема задача, за после неуспешната сезона и освоениот Куп на Кралот, во наредната да ги нападне титулите во Примера и Лигата на шампионите.