„Реал Мадрид не е само Кристијано Роналдо“


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Големото финале на Лигата на шампионите меѓу Јувентус и Реал Мадрид се игра во сабота во Кардиф.

Љубителите на фудбалот со нетрпение го очекуваат финалниот натпревар од Лигата на шампионите каде што силите ќе ги одмерат Јувентус и Реал Мадрид со што ќе биде спуштена завесата на оваа сезона.

Играчите на Старата дама се подготвуваат во Торино за натпреварот на сезоната и се надеваат дека Јувентус после повеќе од 20 години повторно ќе ја освои титулата шампион на Европа.

Левиот бек на италијанскиот клуб Алекс Сандро изјави дека неговите соиграчи не смеат да мислат само за Кристијано Роналдо, и дека Реал Мадрид има уште многу играчи кои можат со своите потези да го одлучат натпреварот.

„Роналдо е одличен играч, но Реал Мадрид не е само Кристијано Роналдо. Имаме уште одлични играчи и за нив мораме исто да размислуваме. Максимално сме фокусирани на финалето, ќе биде тоа тежок меч, но веруваме дека можеме на крајот да славиме“, рече Сандро.