„Горд сум, но ова е горко искуство“


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Тренерот на Рединг, Јап Стам тешко го поднесе поразот од Хадерсфилд.

Во финалето на баражот за влегување во ПЛ, Рединг беше поразен по пенали со 4:3 и така остана без пласман во ПЛ.

„Цела сезона се боревме да влеземе во ПЛ и на крајот не успеавме. Навистина е горко чувство да се пропушти голема шанса на пенали. Беше тешко, но останува големо искуство.“

„Без оглед на неуспехот, горд сум на своите фудбалери кои ја изнесоа цела тежина на теренот. Искрено се надевам дека наредната сезона ќе биде подобра и дека ќе се пласираме во ПЛ.“

Стам минатата година го превзема тимот и во регуларниот дел заврши на 3-то место со 85 бодови.