„Јас ја имам ДНК-та на Реал!“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Ако по утрото се познава денот, Зидан би можел да биде еден од најголемите тренери на Реал.

Иако е сеуште рано да се зборува за тоа, сепак Зидан би можел да ги надмине сите претходни тренери на тимот, затоа што по само 1 и пол година успеа да ги освои ЛШ, Примера, Светското клупско првенство и Супер купот на Европа, а за неколку денови ќе игра ново финале во ЛШ.

Тој пред средбата со Јувентус даде интересна изјава.

„Имам уште една година од договорот, но тоа не мора да значи ништо. Сакам да бидам во овој клуб, но тоа зависи и од резултатите на теренот. Мислам дека во клубот се среќни поради се што се случуваше и моментално само тоа ме интересира.“

„Ја имам ДНК-та на Реал во себе. Ова е мојот дом. Сите беа секогаш љубезни кон мене и јас имам потреба секогаш да ја бранам вредноста на овој тим.“