Прекин, нереди и солзи во Минхен! Познатиот клуб го испратија 65.000 навивачи во трета лига!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Фудбалерите на Минхен 1860 испаднаа во трет ранг на натпреварување, откако изгубија во реванш натпреварот во баражот на свој терен со 0:2 од Регензбург и верувале или не, на „Алијанц Арена“ имаа поддршка од 65.000 навивачи.

Тимот на тренерот Переира кој дојде во клубот по 2 титули со Порто, целосно разочара. Голем срам на голем клуб, неколку навивачи не можеа да го прифатат тоа, па во финишот следуваше прекин, летаа многу работи на теренот, но залудно.

„Сино-белиот“ дел на Минхен плачеше, а имаше 25.000 причини за тоа, затоа што Минхен 1860 не само што не беше во трета лига од 1992 година, а и тогаш веднаш се врати во повисок ранг.