Засилувањата беа очигледни, кај Пеп стигнува уште еден од Монако, а наскоро стигнува и трет!


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Нема застанување, уште за викенд се очекуваше, а тоа беше сега и потврдено, Сити потроши уште 50 милиони евра.

Менди ќе му се приклучи на Силва во Сити.

Десниот бек на Монако минатиот викенд навести расплет, а се шпекулираше дека е во авион за Англија, но тој од Марсеј замина во Париз. Сепак, неговото семејство потврди дека Сити ќе платат 50 милиони евра за него.

За нешто помалку ќе пристигне и Едерсон од Бенфика, па заедно со Силва тоа се веќе 150 милиони евра потрошени во овој преоден рок.

Гвардиола е заинтересиран и за Фабињо кој може да покрива повеќе позиции.

И тоа не е се, Гвардиола бара и стопер, а со тоа ќе има веќе потрошено 250 милиони евра во ова лето и ќе има тим подготвен да напаѓа трофеи.