„Дурант изгуби, па потоа замина во Голден Стејт“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Тренерот на Клиперс, Док Риверс изјави дека не му се допаѓа одлуката на Дурант со која минатата година премина од Оклахома во Голден Стејт.

Дурант играше 9 години за Оклахома, но конечно желбата да освои шампионски прстен го однесе во Голден Стејт.

„Тешко е да се види еден таков играч да го смени тимот, како што го направи тоа Дурант минатата година. Мислам дека на секој му е потребна борба, но тоа беше тешко за гледање. Изгуби, а потоа замина. Тоа беше негов избор, немам проблем со тоа.“

„Претпоставувам дека во мое време би ми било тешко да заминам во Детроит. Но тој има можност да прави такви работи, сите играчи имаат и не може ништо да направите.“

Дурант со својот тим ќе игра против Кливленд во финалето во НБА.