„Ентони би можел да биде најдобар во НБА, но многу е себичен“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Поранешниот соиграч на Кармело Ентони, Хиларио изјави дека Кармело би можел да биде најдобар играч во лигата, но не го искористил на вистински начин својот талент.

„Кармело… тој можеше да биде најдобар во НБА лигата, поради начинот на кој го користи своето тело и многу други предности кои ги има. Тој ја нема моќта да ја подобри играта на своите соиграчи. Кога би можел тоа да го направи, тој би бил најдобар играч во лигата.“