„Тешко е да се изгуби пријател“


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Педроса може да биде задоволен со своите настапи во 2017-та година, тој во моментов е на второ место во вкупниот пласман.

Педроса пред настапот се сети на трагичната смрт на својот поранешен тимски колега Хајден.

„Викендот ќе биде емотивен. Тешко е да се изгуби пријател, особено откако станавме блиски во текот на 3 години кои ги поминавме заедно во тимот.“

„Тој беше добра личност и тажен сум поради него, а особено поради неговото семејство. Ќе мислиме на него и тој секогаш ќе ни биде во срцата.“