Џими Батлер не сака да замине од Чикаго!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Ѕвездата на Чикаго, Џими Батлер откри дека не сака да го напушти Чикаго.

Во текот на гостувањето во една емисија, тој откри дека не сака да се пресели во Лејкерс, иако се појавија такви шпекулации.

„Затоа што го сакам многу Чикаго. Тие ми дадоа шанса во 2011-та година и јас засекогаш ќе им бидам благодарен.“

Батлер има договор со Чикаго уште 2 години, а тој за тоа време би можел да заработи 36.2 милиони долари. Тој зад себе има одлична сезона и во просек постигнува по 23.9 поени, 6.2 скокови и 5.5 асистенции.