Шампионите од “ХВА РАНГ ИТФ’ Лескоец-Охрид!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Шампионски ги прегазија своите противници на “3 МАЛИ ЗВОРНИК ОПЕН 2017”и се вратија со22 мадали, од кои 9 златни , 2 сребрени 11 бронзени и 2 пехари:

ЈАНЕ ДИМОВ  пехар за најдобр јуниор и ДАВИД КРСТЕСКИ пехар за најдобар стар кадет.

Теквондо клубот “ХВА РАНГ ИТФ’ Лескоец-Охрид викендов учествуваше на меѓународниот турнир “3 МАЛИ ЗВОРНИК ОПЕН 2017”,на кој зедоја учество околу 270 натпреварувачи од 22 клубови од 6 земји, Македонија, Србија, БиХ, Хрватска ,Словенија  и Романија.

Нашите претставници предводени од Марјанчо Лазаревски црн Појас IV дан, поранешен светски вице-шампион  во Кикбокс Прага’96, настапија во две дисциплини форми и борби поединечно. На овој турнир  имавме одлично претставување од страна на нашите натпреварувачи во стилот на големите мајстори, каде што и пристрасноста на судиите не им помагаше на противниците  да дојдат до победа.

Најголеми изненадување ни донесоа:

 ЈАНЕ ДИМОВ  кој  освоја злато во форми, јуниори 5-6 куп, и злато во борби јуниори -75 кг ,кој феноменално  и крајно спортски ги  совлада неговите противници иако некои од нив се однесуваа неспорстки , и освои ПЕХАР  за најдобар Јуниор

ДАВИД  КРСТЕСКИ ,кој до 10 години беше неприкосновен шампион на балканските простори, но сега влезе во стари кадети до 14 години и во потечка категорија -35 кг, кој наполна 10 години пред 2 седмици, тоа не му пречеше да  освои злато во форми 5-6 куп стари кадети и злато во борби -35 кг стари кадети иако беа повисоки од него, тој во маестрален стил ги совлада противниците во неговата категорија и освои ПЕХАР за најдобар Стар Кадет, а со овај успех ветува дека во иднина може да не радува и на некое Европско или Светски првенство.

АНТОНИО  ЈАНЕСКИ  во категорија Јуниори форми 5-6 куп освои бронза, додека во борби јуниори -51 кг, повторно се сретна  со Српскиот репрезентативец Дејан Матич носител на црн појас  II дан,а Антонио е носител на зелен појас, но овај пат се сретнаа во полуфинале , и како што го знаеме Антонио во негов стил  си играше како мачка со глушец  и го победи повторно со огромна разлика, а потоа исто и во финале интилегентно и брзо го совлада противникот и го освои златото во неговата категорија

Други освојувачи на медали се:

Александар Јовановски –  сениори , форми за црн појас  дан сребро, борби  -71 кг злато

Давид Велковски – јуниори, форми-3-4 куп злато, борби  -57 кг бронза

Стефан Калансоки-јуниори, форми 5-6 куп сребро, борби -57 кг злато

Анастасија Велјаноска – стари кадетки , форми 7-8 куп бронза, борби -55 кг бронза

Христијан Митрески-јуниори, форми 3-4 куп бронза, борби -69 кг злато

Елена Јанеска  -стари кадетки, форми 7-8 куп бронза, борби -50 кг бронза

Дејан Митрески –јуниори,борби-57кг  бронза

Филип Трифуноски– стар кадет ,форми 7-8 куп бронза, борби -50 кг бронза

Ангела Велјансока –стари кадетки ,борби -50 кг бронза

На овој турнир за прв пат имаше настап и Петар Јовановски, кој за жал не успеа да дојде до медал, но имаше одличен дебитантски настап со што веруваме во иднина дека и тој ќе не радува со постигнати успеси и медали.

“Порано се радувавме на бронзен медал , се сеќавам пред неколку години осовивме 2 бронзени медали на Меѓународен турнир од Прњавор  и бевме прерадосни, но благодарение на нашиот генрален спонзор “ПН МЕТАЛ сега и златото ни стана секојдневие, а за пехар не можевме ниту да сонуваме , но еве успеавме да освоиме 2 пехари за најдобри поединци на еден натпревар што е премногу голема веројатност да  го псотигне некој клуб тоа на исти натпревар.“

„Се чувствуам премногу горд  што имаме една ваква генерација на млади и перспективни наптреварувачи кои не претсатвуваат во најубаво издание и од непознат клуб , допринесоа да бидеме еден од најдобрите клубови на Балканот, препознатлив по квалитетот на нашите борци, и се ова што нашиот клуб го има псотигнато е најзаслужен нашиот генерал спонзор “ПН МЕТАЛпри што користиме прилика да изразиме најголема благодарност и ветуваме дека и во иднина ќе го рекламираме гордо и досотојно”– ни изјавува тренерот Марјанчо Лазаревски.