Германецот потпиша 5-годишен договор и испрати интересна порака – Ова е вистински потег на Дортмунд


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


„Ќе ви го докажам тоа.“

Сега и официјално – Андре Ширле е нов фудбалер на Борсуија Дортмунд. Досегашниот фудбалер на Волфсбург потпиша 5-годишен договор, до 2021-ва година.

„Знам добро од лично искуство што е Дортмунд. Тоа е еден од најголемите клубови во Европа. Во следните години сакам со Борусија да имам големи успеси и да му покажам на сите и да ги убедам сите луѓе дека ова е вистински потег на Дортмунд“, изјави Ширле.

Во кариерата го носеше дресот на Мајнц, Баер Леверкузен, Челси и до скоро Волфсбург. Андре Ширле е осмиот фудбалер ова лето кој пристигна во Борусија Дортмунд после Дембеле, Гереиро, Роде, Бартра, Мор, Мерино и Геце.