„Се надевам дека Спалети нема да успее во Интер“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Лучијано Спалети  на крајот на оваа сезона ја напушти Рома и својата кариера најверојатно ќе ја продолжи во Интер.

Иако со Рома успеа да оствари директен пласман во ЛШ поради лошиот однос со навивачите, Спалети не доби нов договор.

Спалети ќе ја продолжи кариерата во Интер и се чека само официјална потврда. Овој потег го коментираше Де Роси кој кажа дека Спалети е сега нивни ривал и дека се надева дека нема да успее во новиот клуб.

„Разочаран сум што оди таму, затоа што е одличен тренер и знам дека ќе ни биде голема конкуренција. Искрено, се надевам дека нема да се докаже таму.“