Алексис има три опции?!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Алексис Санчез се наоѓа пред голема одлука ова лето.

Дали ќе остане во Арсенал да игра во ЛЕ или да премине во клуб во кој ќе игра во ЛШ? Многу приказни се пишуваат за неговата иднина, а Венгер неодамна изјави дека тој ќе остане во тимот.

Сепак, медиумите наведуваат дека Алексис има 3 понуди и тоа од Манчестер Сити, ПСЖ и Баерн Минхен. Дали ќе одбере една од тие опции или ќе остане во Арсенал, ќе дознаеме во наредниот период.

Да потсетиме, тој минатата сезона со Арсенал го освои ФА купот, а во сезоната одигра 51 натпревари и постигна 30 голови.