Нема нов договор за Златан


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Според добро упатени извори на Скај Спортс, Манчестер Јунајтед нема да му понуди продолжување на соработката на Златан Ибрахимовиќ.

Се шпекулира дека името на Ибрахимовиќ ќе се најде на листата на отпуштени фудбалери во клубот која ќе биде објавена во петок наутро.

Како што е познато Швеѓанецот имаше тешка повреда на коленото, но и покрај одличното заздравување до сега, веројатно нема шанси да се врати до почетокот на 2018 година.

Потенцијалното заминување на најдобриот стрелец во Јунајтед за оваа сезона ќе донесе и финансиски профит со оглед на тоа што од клубот ќе се ослободат од неговите високи примања.