Голден Стејт на чекор до титулата – Дурант го замолче Кливленд!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Голден Стејт минатата ноќ го победија тимот на Кливленд со 118:113 и дојдоа на чекор до освојување на титулата во НБА лигата, затоа што водат со 3:0 во серијата.

Кливленд во поголемиот дел од натпреварот имаа предност, а изгледаа како подобар тим и го контролираа натпреварот, но во последните 3 минути не успеаа да постигнат ниту еден поен додека на другата страна Дурант постигна 7 поени во последните минути на натпреварот.

Кај Кливленд најдобри беа Џејмс со 39 поени, 11 скокови и 9 асистенции. А го следеа Ирвинг со 38 и Смит со 16 поени.

Голден Стејт води со 3:0 во серијата, а ниту еден тим во историјата на плеј-офот не успеала да направи пресврт при тој резултат.