Тухел го претстави Бејби Дортмунд! Нека Баерн повторно се плаши од бетонскиот жолт ѕид од 113.750.000 евра


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Страшен тим направи тренерот на милионерите… Дали Борусија повторно ќе биде најсериозен кандидат за титулата?

Демонстрација на силата!

Така наједноставно може да се опише фудбалската претстава на Дортмунд на Томас Тухел против Манчестер Јунајтед.

Ѓаволите доживеаа дебакл. После тоа на островот прашаа? „Жозе, кога тој Погба?“

Рака на срце, Јунајтед беше без првата напаѓачка опција, Златан Ибрахимовиќ, а одбранбената линија беше во фаза на реконструкција. Без Гундоган, Миктаријан и Хумелс, Борусија заработи 97 милиони евра.

Споредбата работи, тоа не е ниту цела сума која Јунајтед планира да ја издвои за рекордниот трансфер на Пол Погба од Јувентус. Се работи за цифра од 120 милиони евра. Знаете ли што Томас Тухел направи за 113.750.000 евра? Купи осум фудбалери и направи тим кој ќе му биде голема конкуренција на Баерн Минхен.

Тухел инсистираше Дортмунд дека мора да има повеќе енергија, атлетска моќ, креативност. Да игра брзо, ефикасно и убаво за око. И се разбира засилувањата да бидат фудбалери кои ќе го претстават деценискиот погон на Дортмунд. Направи бејби Дортмунд.

Осум фудбалери за 113.750.000 евра и само еден од нив има нешто повеќе од 25 години. Поточно, 30 милионскиот платен Ширле ќе наполни во ноември 26 години.

„Ова е нов почеток за сите нас. Одлучивме да ризикуваме и да купиме талентирани, млади фудбалери кои имаат срце и душа“, изјави Тухел.

Направи нешто со што ги шокира сите. Стави 26 милиони на црвено и на Сигнал Идуна Парк стигна неблагодарниот син Марио Геце. Изгледа повеќе мотивиран и сака да докаже дека неговото место е пред жолтиот ѕид.

„Сакам да го играм најдобриот фудбал во Дортмунд, да освојувам титули и да ги убедам сите дека сме добра спојка“, изјави Геце.

Пред трансферот на Геце, Тухел на маса имаше отворени карти. Нови фудбалери кои стигнаа беа Усман Дембеле, Себастијан Роде, Рафаел Гереиро, Емре Мор, Марк Бартра и Микел Мерино. Момци гладни за докажување, успеси и трофеи. Што е најважно – сите немаат 25 години.

Лек кој ќе ги замени Матс, Илкај и Хенрик.

„Да, можевме да ги задржиме овие тројца, но следното лето ќе требаше да заминат без оштета. Многу зборуваат дека Дортмунд помина низ најтурбулентната фаза, но јас кажувам дека градиме нешто ново, нешто големо“, изјави Тухел.

Дембеле со своите дриблизни во Лига 1 ги пушташе противниците по семки, а уште подобра слика остави со 12-те погодоци и 5-те асистенции. После заминувањето на Хумелс и отсуството на Невен Суботиќ, Марк Бартра би требало да биде нов лидер во одбраната. На левата страна ќе го има откритието на ЕП и шампионот, Рафаел Гереиро, а тука ќе биде и Сократис. Пред Себастијан Роде и Џулиан Вајгл.

А, не треба да ги заборавиме и старите Шмелцер, Вајденфелер, Ројс, Кастро, Сахин, Обамејанг и Кагава.

► Усман Дембеле (Рен – 15 милиони евра)
► Рафаел Гереиро (Лориен – 12 милиони евра)
► Рафаел Роде (Баерн – 12 милиони евра)
► Марк Бартра (Барселона – 8 милиони евра)
► Емре Мор (Нордсјиланд  – 7 милиони евра)
► Микер Мерино (Осасуна – 3.75 милиони евра
► Марио Геце  (Баерн – 26 милиони евра)
► Андре Ширле (Волфсбург – 30 милиони евра)