Банега заминува од Интер по само 1 сезона!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Според медиумите, поранешниот играч за врска на Севиља,  Банега ќе го напушти тимот на Интер.

Медиумите откриваат дека Интер и Тигрес се договориле за трансфер на Банега кој би требало да замине за сума од 13 до 15 милиони евра.

Во Интер се надеваат дека нивниот тим ќе ги исполни барањата на УЕФА за ФФП.

Банега оваа сезона одигра 28 натпревари за Интер, а успеа да постигне 6 голови.

Банега во Интер не успеа да го достигне нивото кое го имаше во Севиља, а во Тигрес би можел да им се приклучи на Уче и Жињак.