Нема да дадете 100 милиони, нема ниту да го добиете Белоти!


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Италијанскиот напаѓач Андреа Белоти е мета на многу тимови и многу лесно би можел да го напушти Торино.

За него се заинтересирани многу тимови, откако оваа сезона постигна 27 голови во Серија А.

Торино поради тоа може да заработи добро на Белоти, а претседателот Каиро вели дека играчот нема да замине за сума помала од 100 милиони евра.

„Не ми паѓа на памет да го продада. Има клаузула од 100 милиони евра, ако некој понуди толку многу, нема што да кажувам повеќе јас.“

Белоти во последно време се споменува во контекст на Милан и Арсенал, па ќе видиме дали некој ќе понуди 100 милиони евра за него.