Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Репрезентативците на Македонија полека ги привршуваат подготовките пред квалификацискиот натпревар против репрезентацијата на Шпанија кој во недела ќе се игра на „Телеком Арената“ во Скопје.

Крилниот фудбалер на Палермо, Александар Трајковски смета дека во денешниот фудбал се е можно и дека против „Црвената фурија“ ќе го дадат максимумот за да извадат позитивен резултат.

„Имаме доволно време за подготовка пред квалификацискиот натпревар против Шпанија, одигравме и одличен меч со Турција, но тоа е зад нас. Подготвени сме, а одлука на селекторот е кој ќе го започне натпреварот. Сигурно е дека кој и да добие шанса ќе го даде својот максимум. Шпанија е фаворит, сигурно една од најдобрите светски репрезентации, но мораме да се потрудиме некои работи во играта да зависат и од нас. Во денешниот фудбал е многу тешко да се прогнозираат работите, бидејќи сите играат фудбал. Ќе се потрудиме да бидеме на највисоко ниво, а дали тоа ќе биде доволно за поволен резултат ќе видиме в недела доцна навечер.“ –изјави Трајковски за официјалниот сајт на ФФМ.

Натпреварот помеѓу Македонија и Шпанија се игра во недела, 11 јуни со почеток од  20:45.