Стигна уште една аквизација на Клоп – потпиша Вајналдум!


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Жоржињо Вајналдум на пет години! Најдобриот стрелец на Њукасл од минатата сезона и официјално денеска е член на Ливерпул, поради тоа што долгите преговори се крунисани со парафирање на петгодишен договор.

Според информациите од Островот Страчките на име оштета ќе им припаднат 25 милиони фунти (нешто помалку од 30 милиони евра што е одлична зделка за Њукасл имајќи во предвид дека Холанѓанецот пред година дена е доведен од ПСВ за 17 милиони евра.

„Навистина сум возбуден. Ливерпул е голем клуб со богата историја. Остварување е сонот за мене. Од страна и Јирген Клоп ми изгледа како одличен човек. Не ги знам неговите методи, но уживам да го гледам, неговата страст, се гледа дека ужива во играта“, рече Вајналдум.

Воодушевен е и шефот на стручниот штаб на Ливерпул.

„Има репрезентативно искуство, беше капитен како млад играч, веќе има премиерлигашко искуство. Може да игра на повеќе позиции, а Холанѓаните генерално тактички знаат фудбал и флексибилни се. Тоа е навистина важно“.

Да потсетиме, тимот на Клоп од ова лето се посилни за Марко Грујиќ, Лорис Каријус, Џоел Матип, Садио Мане, Рагнар Клаван и Алекс Манингер. Заминаа Џордан Ајб, Мартин Шкртел, Жоао Тешеира, некои млади момци на калење, но нема сомнеж дека по нивните стапки ќе одат и некои скапи играчи.