„Мора да почнеме да победуваме!“


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Фернандо Алонсо најави дека ќе го напушти Мекларен доколку не станат конкуренти на ривалите.

Мекларен се соочува со еден од најлошите почетоци во сезоната, со оглед на тоа дека на 6 трки не освоија ниту еден бод.

„Мора да започнеме да победуваме. Ако имаме добри резултати до септември, кога ќе ја донесам одлуката, тогаш ќе останам. Се приклучив на проектот за да ја освојам титулата. Ако не сме конкурентни, можеби е време да го сменам проектот.“

„Третата шампионска титула во Ф1 е главна цел. Своите способности ги развивав за потребите на болидите во Ф1 и тоа возев со најдобрите. Можам да возам во било кој автомобил, со било какви гуми и правила и да бидам конкурентен.“