Интер одби понуда за Иван Перишиќ


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Како што пренесува „Скај Италија“ од таборот на Интер одбиле понуда од Манчестер Јунајтед за услугите на Иван Перишиќ вредна 36 милиони фунти.

Жозе Мурињо посакува да го донесе Перишиќ на „Олд Трафорд“ ова лето, а ова е веќе втора понуда која е одбиена од страна на Интер.

Како што дознава „Скај“  понудата била испратена кон крајот на мај, а новиот менаџер на Интер, Лучијано Спалети за Перишиќ бара 44 милиони фунти.

Медиумите пренесуваат дека преговорите на релација Манчестер Јунајтед- Интер ќе продолжат во следните денови.