Евертон го „краде“ Кин пред Манчестер Јунајтед


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Како што пренесува „Скај Спортс“ Мајкл Кин е трансфер цел број еден за Евертон ова лето.

„Карамелите“ сакаат да ја засилат дефанзивата и според еминентниот спортски весник тие се фаворити за потпис на англискиот репрезентативец.

Договорот на Кин со Барнли истекува за една година и многу веројатно ќе го напушти „Турф Мур“ ова лето.

Покрај Евертон, сериозен интерес за Кин пројави и Манчестер Јунајтед, но веројатно „Ѓаволите“  нема да го реализираат овој трансфер затоа што пред потпис со нив е Виктор Линделоф од Бенфика.