Ангеловски: Офанзивно и против Шпанија


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Најдобрата репрезентација на Македонија утре против Шпанија на националната арена „Телеком Арена“ ќе го одигра натпреварот од 6. коло од квалификациите за пласман на Светското првенство кое во 2018 година ќе се одржи во Русија.

Шпанците се апсолутни фаворити на овој натпревар, но од нашиот табор на натпреварот нема да излезат со бело знаме и велат дека ќе се обидат да се надигруваат со ѕвездите на „Црвената фурија“.

Селекторот Ангеловски истакна дека нема да отстапи од офанзивната игра која ја краси Македонија во натпреварите откако тој е на кормилото.

„Утре играме против репрезентација која е меѓу четирите најдобри во светот. Но, тоа не ме загрижува, бидејќи очекувам моите момци да го одиграат најдобриот натпревар. За ваков натпревар не е потребна мотивација. Наша работа е да ја подготвиме добро средбата и да си ја завршиме добро работата. Имавме добра можност да ги анализираме Шпанците под Лопетеги, имаат само три нерешени натпревари и нивната игра е за почит. Не отстапувам од мојата офанзивна тактика и без разлика на противникот утре верувам дека ќе ни понудат нови причини за задоволство.“- коментираше Ангеловски на денешната прес конференција.