Пандев: Убеден сум дека ќе одиграме добар натпревар против Шпанија


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Пред натпреварот против Шпанија, покрај селекторот Ангеловски, свое видување даде и капитенот на репрезентацијата, Горан Пандев.

Членот на Џенова изјави дека на натпреварот против Шпанија нема што да се загуби и дека тоа заедно со десетдневната подготовка за овој натпревар даваат за право да се надеваме на позитивен резултат.

„Ќе играме против една од најдобрите репрезентации во светот. Веќе десет дена се подготвуваме за овој дуел, убеден сум дека ќе одиграме добар натпревар, нема што да загубиме и сигурно ќе го дадеме максимумот. Шпанците негуваат отворен фудбал, па тоа е добро и за противниците. Оставаат доста простор, треба да уловите што е можно повеќе контра напади и да ги изненадиме Шпанците.“– изјави Горан Пандев.