Милан не запира, носи играч од Ред Бул Лајпциг


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Играчот на најпријатното изненадување во Германија, Ред Бул Лајпциг, Емил Форсберг е опција за тимот на Милан.

Играчот се поврзува со трансфер кај Росонерите кои се едни од најактивните на летниот трансфер пазар до сега.

За шведскиот фудбалер играњето во Лигата на Шампионите не е примарна цел за него и вели дека трансфер во Милан би бил идеален за неговото фудбалско развивање.

„Милан е фантастичен, голем клуб. Тоа е интересен проект, инвестираат и чекаат за да се вратат на врвот повторно.

Лигата на Шампионите не е голем фактор за мене. На крајот се е околу фудбалот. Сакам да имам  главна улога во тимот каде ќе играм, но ќе видиме, моите агенти ќе се погрижат за тоа.“- коментираше Форсберг за шведскиот весник „Афтонбладет“.

За играчот на Лајпциг интерес има и од Премиерлигашите Арсенал и Ливерпул.