Македонија минимално поразена од Шпанија


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Репрезентацијата на Македонија минимално со 1:2 беше поразена од екстра квалитетната репрезентација на Шпанија.

„Црвената фурија“ фуриозно го започна натпреварот, рано постигнаа два гола, доминираа на теренот во текот на целото прво полувреме и имаа низа шанси, но за наша среќа не ја наполнија до врв мрежата на Столе Димитриевски.

Во вториот дел нашите репрезентативци се ослободија од притисокот и заиграа подобар фудбал, а во 66 минута дојде и наградата за похрабрата игра. Стефан Ристовски при една контра со топовски удар го совлада Давид Де Геа и ги врати надежите на нашата репрезентација.

Сепак до крајот резултатот остана непроменет и може да се каже дека Шпанија заслужено ги однесе бодовите од Скопје.

Вреден за споменување е и фактот што на натпреварот со Шпанија свое деби за националниот дрес имаше Елиф Елмас кој сосема солидно ги одигра вторите 45 минути.