Проговори агентот на Мората


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Агентот на Алваро Мората истакна дека Реал Мадрид одбил понуда од Милан, додека пак понудата од Манчестер Јунајтед ја означи како „многу интересна“.

Мората минатата сезона се врати во Реал Мадрид од Јувентус, но се очекува ова лето повторно да го напушти „Кралскиот клуб“.

Хуанми Лопез, агентот на Мората за „Калчомеркато“ зборуваше за интересот на двата клубови. „Милан? Да, имавме контакти овие денови, можам да ви го потврдам тоа. Реал Мадрид ја одби понудата од Росонерите.

Манчестер Јунајтед? Тоа е клуб со голем шарм, многу интересна опција. Можам да ви кажам дека е многу интересна опција и се останува на Реал Мадрид.“ –заклучи Лопез.