Голден Стејт се врати на тронот


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Тимот на Голден Стејт Вориорс му се одмазди на Кливленд за минатогодишниот пораз во финалната серија во НБА Лигата.

Овој пат кошаркарите предводени од Кевин Дурант со конечни 4:1 го совладаа лутиот ривал и со тоа ја освоија втората титула во последните три сезони.

„Воините“ славеа со 129:120 и со тоа го нанесоа четвртиот, решавачки пораз на Кливленд. Неверојатна партија имаше Кевин Дурант кој натпреварот го заврши со 39 поени, со што заслужено го доби и МВП признанието. Стеф Кари беше стандардно добар со 34 поени, додека пак Игудала заврши со 20 поени зад своето име.

ЛеБрон Џејмс имаше одлична партија кај Кливленд уфрлувајќи 40 поени, но ни тоа не помогна барем малку да се одложи промоцијата на новиот шампион во НБА лигата.