Официјално: Гризман го продолжи договорот со Атлетико


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Од Атлетико Мадрид потврдија дека постигнале договор со Ентоан Гризман за продолжување на соработката до 2022 година.

Новиот договор на Гризман со Атлетико Мадрид истекува на 30 јуни, 2022 година, а Французинот при потпишувањето истакна дека е многу среќен по продолжувањето на соработката и јавно им се извини на сите приврзаници на Атлетико поради шпекулациите кои излегуваа во минатото околу неговата иднина.

„Прво нешто што сакам да го направам е да се извинам на луѓето кои не ги протолкуваа точно моите изјави. Можеби се изразив лошо или некој сакаше да направи вест од тоа, но откако дојдов давам се за овој клуб, за моите соиграчи и тренерскиот персонал и јас сум многу среќен што ќе бидам уште една сезона со вас.“- коментираше Гризман по потпишувањето.