Евертон го договори талентираниот чувар на мрежата Пикфорд


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Евертон и Сандерленд се договорија за трансфер на младиот голман, Џордан Пикфорд.

„Карамелите“ на Сандерленд ќе им платат 30 милиони фунти за голманот кој се смета за наследник на Џо Харт на голманската позиција во англиската репрезентација.

Ова е втор обид Евертон да го донесе Пикфорд во своите редови откако пред само една недела првата понуда до Сандерленд беше експресно одбиена.

Се очекува трансферот целосно да биде комплетиран по враќањето на Пикфорд од Европското првенство во Полска.