Евертон пазари кај Интер и Милан


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Директорот за фудбал на Евертон, Стив Велш бил забележан во Милан денеска за да дискутира можни трансфери на дури шести играчи, по три од двата милански клуба, Интер и Милан.

Велш на „Сан Сиро“ ќе дискутира за потенцијални договори за Карлос Бака, Мбаје Нианг и Џанлука Лападула од редовите на Милан.

Од Интер, како што дознава „Скај Италија“ на радарот на Роналд Куман се Евер Банега, Марсело Брозовиќ и Џеисон Муриљо.