Тотенхем ја најде замената за Вокер


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Се поизвесно е дека Кајл Вокер ова лето ќе го напушти Тотенхем и ќе премине во редовите на Манчестер Сити.

Од редовите на Тотенхем не седат со скрстени раце и ја бараат потенцијалната замена за десниот бек.

Како што објавува „Скај Спортс“ изборот паднал на играчот на Порто, Рикардо Переира кој две години настапуваше како позајмен фудбалер во редовите на Ница.

Переира кој има два настапи за репрезентацијата на Португалија во договорот со Порто има откупна клаузула од 22 милиони фунти.