Саутемптон го отпушти Пуел


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Саутемптон го отпушти тренерот Клод Пуел по само една година помината на клупата.

Иднината на 55 годишниот стратег беше доведена во прашање по крајот на Премиер Лигата иако неговиот тим заврши на осмата позиција во Англија и играше финале во ЕФЛ Купот против Манчестер Јунајтед.

„Саутемптон може да потврди дека го прекина договорот со Клод Пуел. Сите во Саутемптон сакаме да ја изразиме нашата благодарност до Клод за напорната работа оваа година. Му посакуваме многу среќа во иднина.“– стоеше во соопштението што клубот го објави по отказот на Французинот.

Фаворит за наследник на Клод Пуел е Томас Тухел кој исто така доби отказ по крајот на сезоната во Борусија Дортмунд.