Мите Цикарски ја зголемува македонската колонија во Хрватска


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Според информациите на „Македонски спорт“ Мите Цикарски во следната сезона ќе настапува во редовите на Интер Запрешиќ.

Брзоногиот лев бек кариерата ќе ја продолжи во клуб во кој во минатото настапувале многу македонски имиња, а секако најистакнат од нив е Илија Несторовски кој во овој момент е член на Палермо.

Доколку се остварат најавите и Цикарски потпише за тимот од Запрешиќ ќе се зголеми македонската колонија во Хрватска. Во овој момент во Хрватска настапуваат Стефан Ристовски, Леонард Жута, Мирко Ивановски, Милован Петровиќ, Музафер Ејупи и Ристо Митревски.

Во досегашната кариера Цикарски настапувал за тимовите на Вардар, Работнички а негов последен клуб кипарскиот Етникос Ахна.