Дамјан Стојановски се врати меѓу „Штрковите“


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Еден од најдобрите македонски кошаркари, Дамјан Стојановски се врати во МЗТ Скопје откако потпиша едногодишен договор.

29 годишниот кошаркар се враќа во старото јато откако беше надвор од кошаркарските терени подолго време поради повреда на лигаментите на коленото.

Стојановски сигурно ќе биде од огромна помош за следната сезона за тимот од Аеродром.

Покрај Стојановски, „Металците“ вчера официјално го потврдија и новиот предводник од клупата, уште еден повратник во тимот, Ацо Тодоров.