Вистинско изненадување, Конте би можел да го напушти Челси


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Изненадувачки најави доаѓаат од Италија во врска со Антонио Конте и неговата иднина во Челси.

Како што наведува „Скај Италија“ Конте не е задоволен со односот на управата и хиерархиската поставеност во клубот.

Според пишувањата на „Скај“, Италијанецот е незадоволен и од неактивноста на трансфер пазарот, па лесно може да се случи од наредната сезона да не биде предводник на „Сините“ од Лондон.

Моменталниот договор на Антонио Конте истекува во 2019 година.