А Бола: Роналдо сака да го напушти Реал Мадрид


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Според реномираниот португалски весник, Кристијано Роналдо донел одлука да го напушти Реал Мадрид по обвинувањата дека играчот затајувал данок.

Роналдо бил презадоволен од односот на клубот кон него, но се решил да го напушти Реал, а и Шпанија само затоа што бил бесен на даночните власти поради истрагата која ја покренаа против него за затајување данок. Роналдо е обвинет од шпанските власти за затајување данок од околу 15 милиони евра.

Ова предизвикало бес кај Португалецот кој побарал да ја напушти Шпанија, а „А Бола“ пренесува дека Роналдо за овој проблем комуницирал директно со претседателот на „Кралевите“, Флорентино Перез и му посочил дека неговата одлука е „неповратна“.