Раиконен: Следи неизвесна борба


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Возачот на Ферари Кими Раиконен смета дека неговата екипа ќе се натпреварува со Мерцедес до крајот на шампионатот.

„Видовме многу варијации оваа сезона. Ова е долга година и ќе биде борбата тешка до крајот. Секој тим има проблеми, сите сакаме да го извлечеме максимумот од болидот. Така би требало да биде, Можеби има сомнежи кон нас поради некои работи во минатото. Оваа година покажавме дека сме во многу подобра позиција. Ќе продолжиме со напредувања на болидот и ќе пробаме да бидеме пред нашите ривали. Потребно е да биде искористен целосниот потенцијал на автомобилот и да бидеме подобри овој викенд“- Изјави Раиконен.

На генералната листа финецот е на четврта позиција со 73 бода, додека на конструкторната листа Ферари со 214 бода заостанува за 8 бодови зад Мерцедес.