Реал ќе ја „замрзне“ продажбата на Мората


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Реал Мадрид планира да ги стопира сите преговори за продажба на Алваро Мората во Манчестер Јунајтед по најновите шпекулации дека Кристијано Роналдо сака да го напушти клубот.

Роналдо го шокираше фудбалскиот свет кога извори блиски до играчот објавија дека Португалецот сака да ја напушти Шпанија ова лето.

Желбата на еден од најдобрите фудбалери на сите времиња да го напушти клубот може да има влијание врз иднината на неговиот соиграч Мората, кој е трансфер цел број еден за Манчестер Јунајтед.

„Кралевите“ беа во напредни преговори со Јунајтед за продажбата на Шпанецот, а се шпекулираше дека Мората веќе ги договорил личните услови со шампионот на Лига Европа.

Состанок помеѓу челните лица на Манчестер Јунајтед и Реал Мадрид е закажан за следната недела, но истиот може да биде одложен бидејќи од Мадрид нема да го продадат Мората доколку Роналдо замине.