Време е за историја: Македонија за прв пат на големо натпреварување


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Денес со почеток од 20:45 часот нашата млада фудбалска репрезентација ќе го има своето деби на едно големо натпреварување.

Нашите надежи дебитантскиот настап ќе го имаат против силната репрезентација на Шпанија.

Избраниците на Благоја Милевски јасно дадоа до знаење дека на овој турнир не одат со бело знаме и дека ќе се натпреваруваат со секоја репрезентација.

„Ние сме меѓу дванаесетте најдобри селекции во Европа и имаме право да бидеме горди на тоа. На ова Европско првенство ќе се обидеме да уживаме во натпреварите. Немаме притисок, но ќе се однесуваме одговорно и посветено. Фудбалерите се добро подготвени и сугурен сум дека ќе го дадат најдоброто од себе.“- изјави селекторот Милевски на официјалната прес конференција пред дуелот со Шпанците.

Давид Бабунски пак изјави дека се горди што ја пишуваат фудбалската историја на нашата земја и дека најтешката група на турнирот за нив е само мотив повеќе: „-Горди сме што ќе играме на овој шампионатот. Навистина сме среќни што токму ние пишуваме историја за нашата земја. Факт е дека ја добивме најтешката група на првенството, но тоа е дополнителен мотив за секој од нас. На хартија можеби противникот е фаворит, но само на теренот се потврдува квалитетот. На теренот ние ќе се потрудиме да покажеме колку вредиме.“

Првиот натпревар го играме во Гдиња со почеток од 20:45 часот, а претходно од нашата група ќе се сретнат Португалија и Србија.