Јувентус одбил понуда од Челси за Сандро


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Генералниот директор на Јувентус, Џузепе Марота истакна дека клубот одбил понуда од Челси за левиот бек Алекс Сандро.

„Нашата интенција е да не ги продаваме нашите важни играчи. Одбивме многу убава понуда од Челси за Алекс Сандро. Сепак ние знаеме дека се натпреваруваме со клубови кои се во можност да понудат плати кои не се рационални за нас. Тука самите играчи се свои газди. Не знам како Алекс Сандро реагираше на нашата одлука.“- коментираше Марота за „Кориере дело Спорт“.

За брзоногиот лев бек сериозен интерес има и од редовите на Манчестер Сити.