Марота потврди: Јувентус е заинтересиран за Донарума


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Генералниот директор на Јувентус, Џузепе Марота, потврди дека „Старата дама“ ќе се обиде да потпише со голманот кој неодамна објави дека нема да продолжи со Милан.

Многу тимови се заинтересирани за потписот на Донарума, а како сериозен фаворит се јавува Реал Мадрид. Покрај Реал се споменува и ПСЖ, додека пак од Јувентус официјално потврдија дека ќе се обидат да стигнат до потписот на Донарума.

„Да, Јувентус ќе се обиде да потпише со Донарума. Јувентус мора да биде заинтересиран кога играч од негов калибар ќе се појави на пазарот.“- коментираше Марота за „Кориере дела Сера“.

Многу од познавачите на фудбалот сметаат дека Јувентус е вистинскиот избор за Донарума затоа што покрај себе го има голманот кој е пример за многу млади генерации.