Реал Мадрид се огласи за ситуацијата со Роналдо


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Од Реал Мадрид штотуку излегоа со официјално соопштение за ситуацијата со Кристијано Роналдо.

Роналдо е обвинет од шпанските власти дека затајувал данок, а поради тоа Португалецот побарал да ги напушти Реал Мадрид и Шпанија.

„Реал Мадрид има целосна доверба во нашиот играч Кристијано Роналдо, за кого разбравме дека постапувал во согласност со законитоста во врска со исполнувањето на фискалните обврски.

Од неговото пристигнување во Реал Мадрид во јули 2009 година, Кристијано Роналдо секогаш покажувал јасна волја да ги исполни своите даночни обврски.

Реал Мадрид е убеден дека нашиот играч, Кристијано Роналдо ќе ја докаже својата целосна невиност во овој процес.

Реал Мадрид се надева дека правдата ќе дојде побрзо од очекувањата па неговата невиност ќе биде докажана наскоро.“

Претставниците на Кристијано Роналдо пак одговорија дека нивниот клиент никогаш не прикривал или во најмала рака не сокривал никаква финансиска добивка.