Македонија ја растури Чешка за ново Европско првенство


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Репрезентацијата на Македонија се пласира на Европското првенство што во 2018 година ќе се игра во Хрватска по убедливата победа над Чешка со 33:20.

Нашите ракометари одиграа брилијантен натпревар против Чесите и полесно од очекувањата славеа и тоа како убедлива победа.

Македонија доминираше во сите сегменти од играта, одбраната беше феноменална, голманите одлични, а нападот речиси непогрешлив. Уште по првите 30 минути кога на пауза се замина со 16:10 се виде дека ова ќе биде „лесен залак“ за момците на Раул Гонзалез.

Во вториот дел продолживме да ја играме играта од првиот дел, а репрезентативците на Чешка буквално се изгубија во пеколот во „Борис Трајковски“.

На крајот стигнавме до убедлива победа која не носи на ново големо натпреварување.

Најефикасен во нашата репрезентација беше Кире Лазаров кој реализира 11 голови, Манасков запиша шест, додека пак Жарко Пешевски пет погодоци. Одличен натпревар имаше и голманскиот двоец кој заедно собра 22 интервенции. Борко Ристовски за неполни 50 минути собра 16 интервенции, додека Никола Митревски беше одличен во последните десетина минути успевајќи да одбрани шест удари на Чесите.

Од нашата група и репрезентациите на Чешка и Исланд ќе се најдат на Европското првенство во Хрватска.