ЕХФ ги одреди шеширите, ги избегнуваме Данска, Белорусија и Шведска


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


ЕХФ денес ги објави шеширите пред ждрепката за Европското првенство во Хрватска.

Европската ракометна федерација ги одреди носителите на групите по градови, па така Хрватска ќе игра во групата А во Сплит,  во групата Б во Пореч ќе настапува Норвешка, Словенија ќе биде во групата Ц во Загреб, додека пак Унгарија своите натпревари ќе ги игра во групата Д во вараждин.

Нашата репрезентација се наоѓа во вториот шешир заедно со репрезентациите на Данска, Белорусија и Шведска.

ШЕШИР 1:Германија, Шпанија, Хрватска, Франција

ШЕШИР 2: Данска, Белорусија, Шведска, МАКЕДОНИЈА

ШЕШИР 3: Норвешка, Србија, Црна Гора, Чешка

ШЕШИР 4: Унгарија, Словенија, Австрија, Исланд

Ждрепката на групите ќе биде во Лисински Концертната сала во Загреб во петок, 23 јуни со почеток од 19 часот.