Раиола потврди дека Златан може во Италија


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Агентот на Златан Ибрахимовиќ, Мино Раиола потврди дека неговиот клиент би можел да игра во Италија следната сезона.

Раиола за „Скај Италија“ потврди дека има интерес за 35 годишниот напаѓач од целиот свет, и дека трансфер во Серија А е една од опциите.

„Многу клубови се заинтересирани за Ибрахимовиќ од МЛС лигата во САД, но секако и трансфер во Италија би бил возможен. Наполи? Се е возможно, но мислам дека Наполи нема да биде негов клуб.“- коментираше Раиола.