Сити подготвува понуда за Обамејанг


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Според извори на „Скај Спортс“ Манчестер Сити подготвува понуда за услугите на Пјер Емерик Обамејанг.

28 годишниот играч на Борусија Дортмунд беше на прагот да се приклучи на Пари Сен Жермен во трансфер вреден 60 милиони фунти. Сепак трансферот пропадна минатата недела, па Пеп Гвардиола ќе се обиде да го привлече интернационалецот од Габон.

Сити е во потрага по нов напаѓач, а Обамејанг е еден од ретките кои се вклопува во тактиката на Пеп Гвардиола.

Се шпекулираше дека менаџерот на Ливерпул, Јирегн Клоп исто така е заинтересиран за Обамејанг, но според „Скај Спортс“ тие шпекулации се невистинити.