Роналдо му соопштил на Рамос дека заминува од Реал


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Кристијано Роналдо му соопштил на капитенот на Реал Мадрид, Серхио Рамос дека посакува да го напушти Реал Мадрид.

Ваквата информација ја лиферуваше шпанското телевизиско фудбалско шоу „Гоалцо де Гол“.

Според шоуто кое се прикажува на „Гол ТВ“ Роналдо телефонски зборувал со Рамос и му кажал дека шпекулациите кои излегоа минатите денови дека планира да го напушти клубот се вистинити.

Според истото телевизиско шоу агентот на Роналдо, Жорге Мендеш го информирал Флорентино Перез дека неговиот клиент посакува трансфер од „Бернабе“ ова лето.